По низата неофицијални информации, „Јубисофт“ сега и официјално го најави новото продолжение на видеоиграта „Асасинс крид“ (Assassin’s Creed).

Како што се очекуваше, новата игра се вика „Мираж“ и претставува патешествија низ времето до Багдад од 8. век. Се очекуваат и приказни сместени во Древна Кина, феудална Јапонија, Канада…

„Јубисофт“ потврди дека играта се враќа на своите акционо-авантуристички корени, што значи дека РПГ-механиката од последните игри нема да биде присутна.

Играта се очекува да се појави на пазарот следната 2023 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2022 09:54