Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, зборуваше за доминацијата на Ред Бул во тековната сезона во Формула 1 шампионатот.

На вчерашната трка за Големата награда на Италија, Макс Верстапен победи, што е негов петти успех во низа.

– Треба да бидеме реални. Ваков Ред Бул е речиси непобедлив. Потребно е нешто сериозно за да се победи оваа машина. Во однос на брзината, тие се многу понапред од сите. Не стигнавме до нив и не правевме ажурирања кои би ни овозможиле да ги престигнеме, па се бара среќа. Нема да кажам дека тоа е невозможно, бидејќи, веројатно, во Будимпешта можевме да победиме. Но, генерално, тој (Верстапен) се чувствува опуштено во водство, изјави седумкратниот шампион во Формула 1.

Во Генералниот пласман, Макес Верстапен е убедлив лидер со 335 бодови, пред Шарл Леклер од Ферари со 219. Хамилтон е шести со 168 бода.

Следната трка ќе се вози на 2 октомври во Сингапур.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2022 09:56