Новиот лидер на АТП ранг-листата, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, рече дека му се исполнил сонот да стане најдобар.

– Многу сум горд што станав број 1 во светот, мојот сон се оствари. Голема радост е да се види колку луѓе ме поддржуваат во секој момент и секој натпревар. Многу сум горд што можам да ја претставувам Шпанија каде и да одам, изјави Алкараз.

Деветнаесетгодишниот Алкараз во неделата го освои Грен слемот УС Опен и изби на водечката позиција на светската ранг-листа.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2022 04:09