Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Американката Серена Вилијамс, му одаде признание на Роџер Федерер истакнувајќи оти самата е една од милиони луѓе кои Швајцарецот ги инспирирал, и притоа му посака „добредојде во клубот на пензионери“.

– Нашите патишта секогаш беа многу слични. Инспириравте милиони и милиони луѓе, вклучувајќи ме и мене, напиша на својот Инстаграм профил 40-годишната американска тенисерка, која и самата заминува во пензија.

Претходно оваа недела Федерер објави дека по завршување на Лејвер купот, кој ќе се игра идната недела во Лондон, ќе стави крај на својата величествена кариера.

Неодамна на УС Опен својот последен натпревар во кариерата го одигра и Серена Вилијамс.

Кумулативно, Серена Вилијамс и Федерер освоија 43 гренслем титули во поединечна конкуренција.

– Ти ракоплескам и се радувам на сè што ќе работиш во иднина. Добредојде во клубот на пензионери, порача Серена Вилијамс.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2022 12:04