Елена Рибакина од Казахстан ја победи Романката Ана Богдан во полуфиналето на турнирот во Порторож со 6:1 и 6:1 во меч што траеше 1 час 25 минути.

Рибакина која е актуелна шампионка на Вимблдон, за трофејот во Порторож ќе игра против чешката тенисерка Катерина Сињакова.

Чехинката синоќа беше подобра од Германката Ана-Лена Фриџам со 6:1 и 7:5.

Финалето е закажано за денес во 18 часот.

ВТА турнирот „Заваровалница Сава Порторож“ се игра за награден фонд од 251.750 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2022 10:29