Последниот натпревар од новогодишното премиер коло го одиграа екипите на Арсенал и Кристал Палас. Очекувано топџиите славеа со 2:0 на домашен терен а стрелци на головите беа Оливие Жиру во 17-тата минута и Ивоби во второто полувреме, со што Арсенал ја забележа 12-тата победа и се искачи на третото место на табелата.

Натпреварот ќе остане запаметен по неверојатниот гол на Францускиот интернационалец Жиру кој во 17-тата минута од натпреварот по асистенција на Алексис Санчез со таканарачен “Шкорпија удар“ го постигна можеби најубавиот гол во сезоната а сигурно еден од најубавите во својата кариера.

Во продолжение најинтересните моменти од натпреварот и ремек делото на Жиру.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2017 01:55