Во рамки на новогодишното коло во Англиската премиер лига, денес, на распоред се 6 натпревари во три различни термини.

Колото го отвараат екипата на Мидлсброу која биде домаќин на актуелниот англиски шампион со почеток во 13:30, во попладневниот термин од 16:00 часот на распоред се натпреварите Евертон – Саутемптон, Манчестер Сити – Барнли, Сандерленд – Ливерпул и Вест Бромвич Албион против Хал, а во последниот термин од 18:30 часот силите ќе ги одмерат екипите на Вест Хем и Манчестер Јунајтед.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2017 02:10