Тимот предводен од Славен Билиќ не се предаде така лесно иако остана со играч помалку уште од 15-тата минута кога од игра беше исклучен играчот од средниот ред Фегули поради груб старт врз Џонс. Сепак, играчите на Манчестер јунајтед не постигнаа гол во првото полувреме но тоа го сторија во вториот дел од натпреварот преку Мата во 63-тата минута и Ибрахимович во 78-тата минута.

Со оваа победа, Манчестер јунајтед го прокнижа осумнаесетиот бод по ред во 6 последни натпревари додека Златан Ибрахимович се искачи на второто место на листата на стрелци на само еден гол помалку од водечкиот Диего Коста, напаѓачот на Челзи.

Во продолжение погледнети ги најинтересните моменти од последниот денешен натпревар помеѓу Вест Хем и Манчестер Јунајтед.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2017 19:34