Со три годишен договор во вредност од 18 милиони евра, играчот за врска на Рускиот Зенит не успеа да одолее на понудата која ја доби од челниците на Кинескиот Тијанџин каде што тренер е Фабио Канаваро и се реши да го одбере овој клуб пред да стигне понудата од Италијанскиот шампион Јувентус. Иако јавноста знаеше дека веќе неколку месеци менаџерот на Витсел преговара со управата на Старата Дама, сепак понудата од 18 милиони евра речиси беше пресудна во изборот на Белгискиот интернационалец.
Сепак, Алекс Витсел како да чувствуваше доза на разочараност поради тоа што не се договори со старата дама, па по официјализирањето на трансферот, изјави:
„Верувајте ми, донесов тешка одлука. Не е лесно да одбиеш понуда понуда од голем клуб како што е Јувентус, но ја прифатив опцијата која беше подобра за мене и мојата фамилија, а тие услови едноставно не можев да го одбијам. Преговорите со Јувентус траеа неколку месеци и од самиот старт беа фер и коректни према мене. Јувентус е тим со долга и богата фудбалска традиција а нивните навивачи се просто неверојатни. Искрено верувам дека оваа година ќе се радуваат на трофејот во лигата на шампионите, а ние можеби некогаш ќе се сретнеме“ искоментира Алекс Витсел.