Како што пренесе „Телеграф“, Клемент се договорил околу условите за работата во велшкиот клуб и утре ќе ги запознае играчите, пред натпреварот во Премиер лигата со Кристал палас. Тој натпреварот ќе го гледа од трибините, а на клупата ќе дебитира во сабота, во дуелот против Хал, во третото коло на ФА купот.

Клемент моментно е прв помошник на Карло Анчелоти во Баерн од Минхен. Клемент ќе стане трет тренер на Свонси во оваа сезона, бидејќи на почетокот на октомври беше отпуштен Италијанецот Франческо Гвидолин, а на крајот на декември и Американецот Боб Бредли, само по 85 дена на клупата. Медиумите претходните дена шпекулираа за кандидатите за тренер на Свонси, а се споменуваа поранешниот фудбалер Рајан Гигс и селекторот на Велс, Крис Колмен.

По 19 одиграни кола, Свонси е последен на табелата со 12 бодови, а вчера на својот стадион „Либерти“, изгуби од Борнмут со 0-3 и го претрпе четвртиот последователен пораз. Свонси се наоѓа на четири бода од сигурната зона.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2017 14:14