Кога сите мислеа дека Арсенал ќе доживее тежок пораз на гостувањето во Бурнемаут против истоимеиниот домаќин, на сцена повторно стапи Французинот Оливие Жиру, кој од натпревар во натпревар игра се подобро и се наоѓа во животна форма.
Домаќините по првото полувреме остварија водство од 2:0 преку головите на Даниелс и Вилсон од пенал за да на стартот на второто полувреме Бурнемаут ја зголеми својата предност на високи 3:0 со голот на Фрасер во 58-та минута. Но тогаш, Жиру ги зема работите во свои раце па преку двете асистенции до Санчез и Перез, Арсенал за само пет минути, успеа да намали на 3:2. Арсенал до крајот на натпреварот интензивно напаѓаше а домаќините нестрпливо го чекаа последниот судиски свиреж. Но, славјето им го одзема повторно Жиру кој во судиското продолжение успеа да постигне гол и со тоа да го израмни резултатот па и да го спаси својот тим од пораз.
Во останатите два натпревари, Стоук на домашен терен го совлада Ватфорд со 2:0, додека Свонси славеше на гости против Кристал Палас со 2:1.
Во продолжение погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот Бурнемаут – Арсенал.