Денеска со почеток од 21:00 часот се игра дербито на 20-тото коло на Англиската премиер лига. Тотенхем на домашен терен го пречекува лидерот во Англија, Челси кој нема загубено на 13 натпревари во низа. Тренерот на домаќините, Маурисио Покетино изјави дека за Премиер лигата важно е да го победат Челзи. Челзи е лидер на табелата со шест бодови пред Ливерпул, а сите зборуваат само за феноменалната низа на „сините“ од 13 победи во Премиер лигата. Денес тие ќе имаат можност со победа против Тотенхем да го постават рекордот според врзани победи во англискиот елитен ранг на натпреварување.
Покетино изјави дека верува дека сите љубители на Премиер лигата се надеваат дека ќе победи неговиот тим на „Вајт харт лејн“. „Челзи е во одлична форма, но и ние сме по неколкуте последни натпревари. Тоа ќе биде многу тежок натпревар, но мислам дека имаме одлична можност да ги запреме и да го намалиме заостанувањето на останатите екипи зад нив. За Премиер лигата важно е ние да победиме и да ги запреме. Наша цел е сезоната да ја завршиме меѓу четирите најдобри тима“, изјави Покетино.
Тотенхем меѓу четирите најдобри стигна со победата против Ватфорд и го прескокна Манчестер сити, кој беше поразен од Ливерпул. Во натпреварот со Чезли ќе влезе со четири победи во претходните пет натпревари.