Швајцарецот Роџер Федерер на својот проштален настап во кариерата во дресот на тимот на Европа на претстојниот Лејвер куп во Лондон ќе настапи само во парови, а не и во поединечна конкуренција.

Лејвер купот меѓу екипите на Европа и остатокот на светот е на програмата од 23 до 25 септември во лондонската О2 Арена.

-Мислам дека би можел в петок да заиграв во парови, изјави 41-годишниот Федерер за швајцарските новинари во Лондон.

– Искрено, по последните неколку интензивни тренинзи јас бев задоволен со нивото на мојата игра, рече Федерер, кој во Лондон тренираше со Гркот Стефанос Циципас.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2022 13:03