Тандемот Деле Али и Ериксен се покажа како кобен за лидерот во англиската премиер лига. Со двата гола на Али и двете асистенции на Ериксен, екипата на Тотенхем успеа после 13 победи во низа, да им ја прекине победничката серија на Челзи и со тоа да внесе неизвесност на табелата во премиер лигата. Натпреварот го красеше добра тактичка игра и на двата тима, а на крајот пресудија двете искористени шанси на Тотенхем што не беше случај за гостинот кој не ги реализираше своите на резултат 1:0.

Иако Челзи ја имаше топката во посед нешто повеќе од Тотенхем, сепак по постигнувањето на вториот гол, екипата на Тотенхем успеа да ја задржи предноста и на крајот на натпреварот да слави и да ги освои целиот плен на домашен терен.

Во продолжение погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2017 01:05