Рамуш Харадинај, поранешниот лидер на Ослободителната војска на Косово (УЧК), поранешен косовски премиер а сега актуелен Претседател на партијата – Алијанса за иднината, е уапсен во Франција и се наоѓа во притвор.
Информацијата за неговото апсење ја потврди неговата фамилија а Француската полиција го лишила од слобода врз основа на меѓународна потерница издадена по него на барање на Република Србија.
Република Србија го обвинува Рамуш Харадинај за убиства и тешки воени злосторства направени врз Србите на Косово за време на бомбардирањето на Југославија. Против него се водеше и судски процес во Хашкиот трибунал, но во 2012 година судот во Хаг го ослободи од обвиненијата.