Јуки Цунода ќе продолжи да вози за Алфа Таури. Двете страни склучија договор за соработка и во сезоната 2023 година.
Цунода го имаше своето деби во светскиот шампионат во Формула 1 во 2021 година.
Се уште не е објавено кој ќе стане партнер на Јапонецот следната година.
Се претпоставува дека Пјер Гасли ќе се пресели во Алпин, а на негово место ќе дојде Ник де Врис.
Во тековната сезона Цунода со освоени 11 бода се наоѓа на 16. место во Ф-1 поредокот.