Младиот репрезентативец на Македонија, Давид Бабунски и официјално премина во редовите на јапонскиот второлигаш Јокохама. Давид Бабунски е вториот играч од тимот на Црвена Ѕвезда кој оваа зима премина во Јокохама, по трансферот на Уго Виера.

„Од моментот кога слушнав дека Јокохама е заинтересирана за мене, веднаш почнав да го учам јапонскиот јазик. Многу сум среќен што можам да бидам дел од овој клуб и што ќе се запознам со јапонскиот фудбал“, изјави Бабунски.

Бабунски само година и пол беше член на „црвено-белите“, но кај тренерот Миодраг Божовиќ не успеа да се избори за голема минутажа. Пред да го облече дресот на Црвена Ѕвезда, Давид Бабунски настапуваше за вториот тим на Барселона во втората шпанска лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2017 20:46