УЕФА ги одреди термините за претстојните квалификациските групи од главната фаза во Лигата на шампиони во футсал од кои на една ќе биде домаќин македонскиот првак Шкупи.

Македонскиот шампион е домаќин на квалификациската група 8 во која покрај Шкупи ќе играат и словачки Лученец, чешки Чрудим и Диферданж од Луксембург.

Турнирот ќе се одржи од 25 до 30 октомври во СЦ „Јане Сандански“, а Шкупи во првото коло на 26 септември ќе игра против Диферданж.

Противник на македонскиот состав во второто коло (27 октомври) ќе биде Лученец, додека во завршното коло Шкупи ќе игра против Чрудим.

Пласман во елитната фаза ќе обезбедат само првопласираните екипи во групната фаза.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2022 11:12