Второрангираниот тенисер на АТП листата Каспер Руд го совлада попладнево Американецот Џек Сок со 6-4, 5-7, 10-7 и со тоа му донесе почетно водство на Тимот на Европа против Тимот на остатокот од светот на егзибисикиот Лејвер куп што денеска почна во Лондон.

На норвешкиот тенисер за триумфот над 128. светски тенисер му беа потребни еден час и 47 минути.

Денеска на програмата ќе бидат одиграни уште два натпревари во поединечна конкуренција и еден во двојки.

На теренот прво ќе излезат Гркот Стефанос Циципас и Аргентинецот Диего Шварцман, а од 20 часот на програмата е дуелот меѓу Британецот Енди Мареј и Алекс де Минор од Австралија.

Програмата ќе биде завршена со натпреварот во двојки меѓу швајцарско – шпанската комбинација Роџер Федерер и Рафаел Надал против американските тенисери Сок и Френсис Тијафо.

За Федерер тоа ќе биде проштален натпревар во кариерата во која освои 20 грен – слем титули



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2022 05:31