Поранешниот светски шампион во бокс во пет тежински категории,Флојд Мејведер Јуниор (50-0) одржа ревијален меч против јапонскиот ММА борец Микуру Асакура. Борбата заврши во втората рунда кога Американецот со десно кроше го испрати на подот Јапонецот.

Победата над Асакура беше четврта за Мејведер во ревијалните борби.

Мејведер ја заврши својата професионална боксерска кариера во 2017 година кога го победи Конор Мек Грегор во Лас Вегас, САД. Ирецот загуби со технички нокаут во 10. рунда.

-Само од овој меч ќе заработам некаде над 15-20 милиони долари, изјави 45-годишниот Мејведер за „Дејли мејл“ на прашањето зошто се врати во рингот. Тоа е само од оваа борба. Значи, одлично е. Девет минути, 20 милиони долари, не е лошо.

Петнаесет години помладиот Асакура, го претрпе четвртио пораз во својата 20-та борба.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2022 09:57