Поранешниот шампион на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, Ентони Џошуа (26-3 победи-порази) одговори на предизвикот на шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (32-0), кој го повика Џошуа да потпише договор за борба до 26 септември.

– Потпишувам договори многу години. Ова одложување не зависи од мене, туку од адвокатите. Ако сте ја проучувале историјата на боксот, треба да знаете дека од правна страна се треба да биде совршено. За тоа е доброто управување и добрите адвокати. Секако дека ќе го потпишам договорот, рече Џошуа во видеото објавено на каналот „Boxing Social YouTube“.

Фјури во последната борба го нокаутираше Дилијан Вајт (28-3) во шестата рунда. Мечот сеодржа на 24 април во Лондон, Велика Британија.


Џошуа се согласи на борба со Фјури

Џошуа загуби од Олександр Усик (20-0) на 20 август во Џеда, Саудиска Арабија.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2022 03:42