Македонската универзитетска карате репрезентација предводена од селекторот Бошко Заборски, во поединечните настапи кои се одржаа првиот ден од првенството, успеа да обезбеди две директни борби за бронзениот медал.
На Светскиот универзитетски куп на Боречки спортови кој се одржува во Самсун , Турција пријавени се 1100 учесници од 300 светски универзитети од 50 држави и тие се натпреваруваа во шест боречки спортови: самбо, борење, бокс, кикбокс, вушу и карате.
Оваа година за прв пат од страна на Светската универзитетска федерација, името на натпреварот променето е во Светски куп на боречки спортови, до сега во изминатите години, беше именувано како Светско универзитетско првенство.
Каратистката Ангела Мојсовска во категорија -68 кг, и Викторија Јовановска во тежинска категорија -61 кг в петок (30 септември) ќе се борат за бронзените медали во своите категории.
Репрезентативците Давид Петков -67 кг, Моника Пендаровска -55 кг и Марија Петровска -50 кг настапуваат денес во своите категории.
Утре на програмата се екипните настапи во екипниот дел за мажи и жени.