Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ига Швјонтек објави дека нема да учествува на Били Џин Кинг купот.

– Многу размислував за оваа одлука. Разговарав со мојот тим, нема да играм во купот Били Џин Кинг. Тажна сум поради тоа. Штета, бидејќи секогаш кога е можно играм за репрезентацијата на Полска и секогаш давам 100 проценти. Многу ми е жал што раководните тела не се договорија за прашањето за календарот на турнирите, оставајќи ни само еден ден да летаме во друга временска зона. Ова е небезбедно за здравјето и може да доведе до повреда, напиша Швјонтек на социјалните мрежи.

Од 8 до 13 ноември во Глазгов (Шкотска) ќе се одржи завршниот турнир на купот Били Џин Кинг, а од 31 до 7 ноември ќе се одржи финалето на ВТА во Форт Ворт (САД), каде 21-годишната полска тенисерка веќе се квалификува.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2022 10:55