Италијанскиот фудбалски прволигаш Сампдорија го назначи денеска поранешниот играч на Интер и Лацио, Дејан Станковиќ, за нов тренер до јуни 2023 година, со опција за продолжување на соработката за уште 12 месеци.

Станковиќ (44) до неодамна беше на тренерското место на Црвена ѕвезда кое го напушти во август по неуспехот да му обезбеди место во белградскиот клуб во Лигата на шампиони.

Станковиќ имаше забележителна фудбалска кариера во Серија А, освојувајќи шест шампионски титули, како и трофеј во Лигата на шампиони во 2010 година.

Сампдорија во неделата му врачи отказ на Марко Џампаоло по поразот од Монца со 0-3, што го остави клубот од Џенова на последното место на табелата со само два бодови од осум натпревари.

Станковиќ ќе дебитира на клупската на Сампдорија в сабота на гостински терен против Болоња.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2022 07:30