Француската екипа Алпин, чиј сопственик е Рено, објави денеска дека во следната сезона во Форммула 1 нејзини возачи ќе бидат двајца Французи, Пјер Гасли и Естебан Окон.

Гасли (29) доаѓа во екипата како замена за поранешниот светски првак, Шпанецот Фернандо Алонсо, кој кариерата ќе ја продолжи во Астон Мартин.

Досега Гасли беше член на Алфа Таури, а неговото место во таа екипа ќе го пополни холандскиот возач Ник де Врис (27) од Мерцедес.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2022 11:46