Полската тенисерка Ига Швјонтек ја победи Русинката Екатерина Александрова во полуфиналето на турнирот во Острава (Чешка).
Дваесет и едногодишната Швјонтек стана првата тенисерка од 2017 година со 60 победи во една сезона. Последен пат ваква серија имаше Каролин Вознијацки од Данска.
Во 2022 година, Швјонтек освои седум трофеи, вклучувајќи ги и Грен слем титулите од Ролан Гарос и УС Опен.
Шанса за осми трофеј годинава, Швјонтек ќе има попладнево во финалето на ВТА турнирот во Острава противдомашната тенисерка Барбора Крејчикова. Почетокот на дуелот е закажан за 14:30 часот.