Холандскиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен, претпладнево го освои првото место на јапонското Гран при и по 18-татат трка од Светскиот шампионат во Формула 1 во 2022 година ја обезбеди титулата.

Втор на целта мина пилотот на тимот на Ферари, Шарл Леклер. На третото место е Мексиканецот Серхио Перез од Ред Бул.

Поради дожд, трката беше прекинувана во неколку наврати. На крајот возачите извозеа 28 круга, по што Верстапен го освои првото место, претекнувајќи ги Серхио Перез од Ферари и Шарл Леклер. Леклерк доби казна од пет секунди, благодарение на која Верстапен стана шампион.

Уште во првиот круг Карлос Сајнц од Ферари излета од лизгавата патека, а потоа Пјер Гасли од Алфа Таури избегна судир со кранот кој тргна да го отстранува болидот на Шпанецот.

За Верстапен кој стартуваше од пол-позицијата ова беше 12-та победа во 2022 година и 32-та во Формула 1. Му фали уште една победа оваа сезона за да го израмни рекордот на Себастијан Фетел и Михаел Шумахер по број на први места во иста сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2022 10:59