Изминатиот викенд започнаа натпреварите во пинг-понг од Женската лига на Северна Македонија, како и во машките Суперлига и Прва лига.

Во Прилеп се изигра првото коло од Женската лига каде што екипата на ППК Шампион Фа победи 4:0 против ППК Младост 96, а екипата на Берово оваа година засилена со странски играч ја победи екипата на ППК Крива Паланка со 4:1.

На 9ти октомври во сала Борис Трајковски во Скопје се изигра првото коло од Супер и Прва лига мажи. Се постигнаа следните резултати: Прва лига 1-во коло: Шуто Оризари-Берово 2 4-1 Вардар-Телеком Нец. 4-0 Дебар Маало-Радовиш. 1-4 Борец Тим-Пелагонија. 1-4 Кратово-Астраион. 0-4

Супер лига 1-во коло: СЦ Борис Трајковски Резултати: Рисови -Берово. 4-2 Работнички-Шамоиони ФА 1-4 Кр.Паланка2007-Младост. 4-0 Телеком Нец2-Кочани 4-0 Кр.Планка – Младост96. 0-4 службено

Оваа година исто така се игра и јуниорска лига каде што има 12 машки и 6 женски тимови. Тие ги изиграа првите 2 кола од лигата и во водство е екипата на ППК Крива Паланка кај женските, ППК Куманово и ППК Младост кај машките.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2022 14:07