Светскиот рекет број во женскиот тенис, Ига Швјонтек паричната награда од настапот на ВТА турнирот во Острава ја донираше во добротворни цели. Во Чешка таа освои 58 илјади евра.

– На Светскиот ден на менталното здравје, целата парична награда од овој турнир ќе ја донирам на непрофитна организација во Полска. Навистина сакав да играм добро овде за да можам да донирам голема сума пари. Многу ми е драго што успеав и што можам да ја искористам мојата позиција на овој начин, изјави Швјонтек.

Полската тенисерка во неделата загуби од Барбора Крејчикова (Чешка) со 2:1 во финалето на турнирот во Острава.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2022 14:35