Полската тенисерка Ига Швјонтек објасни зошто решила да игра на турнирот во Сан Диего и покрај тешкото финале во Острава.
– И покрај фактот што одиграв два навистина долги натпревара во Чешка, физички се чувствувам сосема нормално. Има смисла бидејќи имам уште натпревари за играње пред финалето на ВТА. Би било многу лошо да не одиграм ниту еден натпревар три недели. Слушнав и многу позитивни повратни информации за овој турнир, па сакав да дојдам овде, ги цитира„ Тенис365“ зборовите на 21-годишната тенисерка.
Во финалниот натпревар на ВТА-500 турнирот во Острава, Швјонтек и Барбора Крејчикова од Чешка на теренот минаа 3 часа и 16 минути. Репрезентативката на Полска загуби со резултат 7:5, 6:7 (4:7), 3:6.
На турнирот во Сан Диего, кој се одржува од 10 до 16 октомври, прв противник на Швјонтек ќе биде Женг Чинвен од Кина.