Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, по освојувањето на втората титула во Формула 1, уште еднаш навести дека би можел да ја заврши кариерата во не така далечна иднина.
Верстапен вели дека размислува за влез во други тркачки серии по 2028 година.
– Сè уште би можел да бидам во Формула 1 подолго време, но на крајот, повторно, не се гледам себеси како се тркам на 40 години. Затоа што сакам да правам и други работи. Сега добивам големо задоволство од она што го работам и дефинитивно ќе поминам уште неколку години во Ф1 болидите. На крајот на краиштата, потпишав договор до 2028 година. После тоа, се ќе зависи од тоа како ќе се одвиваат работите. Веројатно ќе се обидам во неколку други тркачки серии, бидејќи во животот треба да пробате различни нешта, рече Верстапен.
Актуелниот договор на Верстапен со Ред Бул се пресметува непосредно пред крајот на сезоната 2028 година. Дотогаш Верстапен ќе наполни 31 година