Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, потврди дека на крајот на оваа сезона ќе се повлече од трките во Формула 1.

Фетел во моментов е на 11. место во генералниот пласман со 32 бодови.

До крајот на шампионатот преостануваат четири трки.

–Време е да заминам. Не знам дали ќе ја донесев истата одлука доколку во последните неколку години бев компетативен и доколку се борев за победи. Тоа никогаш нема да го дознаеме, но јасно е оти чувството не е исто кога низ целта минуваш прв или десетти, порача Фетел во изјава за официјалниот сајт на Ф1 екипата Астон Мартин.

Германскиот возач од 2010 до 2013 година освои четири шампионски титули во Ф1 со екипата Ред Бул, а во кариерата забележа вкупно 53 победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2022 03:35