Победничката на минатогодшното издание на маратонот во Бостон, Дајана Кипјокеи, е суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за атлетски интегритет (AIU).
Атлетичарката од Кенија, исто така, е обвинета и за попречување на истрагата.
Во соопштенмието на AIU се прецизира дека при допинг тестот на Кипјокеи е пронајдена забранетата сусптанца тримцинолон ацетонид.
Вкупно десет кениски атлетичари и атлетичарки биле позитивни на оваа супстанца, додека од почеток на оваа година бројот на позитивни случаи во остатокот на светот изнесувал само два.
Кипјокеи (28) се соочува со четиригодишна суспензија и одземање на победата на Бостонскиот маратон.