На теренот на коњичкиот клуб Анималс о Скопје во населбата Дрма, викендов се одржа Вториот октомвриски турнир и 3. коло од Отворено првенство на Македонија во дресурно јавање.
На програмата беа четири натпревари, и тоа во категориите А, М, ЛМ и Пони со задолжителна програма во времетраење од 3-4 минути.
Победници: Категорија сениори 1.место Ирена Гроздановска – со грлото Дон Октавијан
Категорија јуниори: 1.место Леонида Гроздановска – со грлото Џилдан 2.место Сандра Маслинко – со грлото Војвотка
Категорија деца 1.место Калина Колевска – со грлото Војвотка 2.место Лиа Кајев – со грлото Нур 3.место Нина Митрева – со грлото Канца
Категорија Пони: 1.место Ева Крстовска – со грлото Доктор Ди 2.место Нина Митрева – со грлото Змеј.