Полската тенисерка Ига Швјонтек стигна до осмиот трофеј сезонава. Таа го освои ВТА турнирот во Сан Диего победувајќи ја во финалето Дона Векиќ од Хрватска.

Финалето кое се одигра синоќа траеше 1 час и 49 минути и заврши со 2:1, по сетови 6:3, 3:6 и 6:0.

За првиот светски рекет ова беше вкупно 11 титула во кариерата.

Вкупниот награден фонд во Сан Диего (САД) изнесуваше 757.900 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2022 09:38