Пензионираниот швајцарски тенисер Роџер Федерер може да се приклучи на коментаторскиот тим на Би-би-си на Вимблдон следната година.
Оваа вест ја објави „Tennis365“ повикувајќи се на зборовите на поранешната трета светска тенисерка и британска новинарка Сју Баркер.
Федерер претходно изјави дека по завршувањето на кариерата би сакал да се испроба како коментатор.
Четириесет и едногодишниот швајцарски тенисер се повлече од професионално играње оваа година по Лејвер купот во Лондон на крајот на септември.
Федерер има освоено 20 трофеи на Грен слем турнирите, 111 победи на АТП турнирите, два олимписки медали – златен во двојки и сребрен во сингл. Како прв рекет на светот, Федерер помина 310 недели.