Меѓународната одбојкарска федерација (FIBV) соопшти дека на Светското првенство 2026 во машка и женска конкуренција ќе учествуваат 32 репрезентации на место досегашната бројка од 24.
Административниот одбор на FIBV, исто така, донесе и одлука за измени во системот на натпреварување.
Репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи, со по четири селекции во секоја од нив, а пласман во осминафиналето ќе изборат по двете најдобро пласирани репрезентации од секоја група.
Нокаут фазата потоа ќе продолжи со натпревари во четвртфиналето, полуфиналето и борбата за медали.