Меѓународен карате турнир се одржа денеска во Тетово, во организација на карате клубот Шкендија од Тетово. Натпреварот се одржа во спортската сала на средното медицинско училиште.

– Карате клубот Шкендија од Тетово денеска го организираше “Златен куп” на кој учествуваа 420 каратисти од 32 клубови и од десет земји од регионот, информираше Бесник Мурати од КК Шкендија.

Натпреварот за отворен го прогласи градоначалникот на Тетово Биљал Касами.

– Посебно е чувството да се биде покрај големите икони во каратето како Енвер Идризи, мој пријател, заедно со претседателот на клубот Шкендија, некогашен потпретседател на карате федерацијата, Бесник Мурати. Заедно можеме да направиме големи работи за нашите деца, граѓани и спортисти, порача Касами.

Големиот број победници добија пригодни награди, пехари, медали и дипломи.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2022 04:39