Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати) победи на денешната трка за Големата награда на Малезија во класата Мото ГП и ја зголеми предноста пред ривалот во борбата за титулата, Французинот Фабио Квартараро, кој со освоеното трето место успеа, сепак, да ја задржи неизвесноста до последното коло за оваа сезона кое е на програмата на 6 ноември во Валенсија.

Во генералниот пласман Бањаја сега има 23 бодови предност пред Квартараро (Јамаха) и на италијанскиот возач ќе му биде потребно во Валенсија да освои само два бода за да ја потврди шампионската титула независно од пласманот што ќе го оствари неговиот француски ривал.

Денешниот триумф на патеката во Сепанг за Бањаја беше вкупно седми сезонава, а петти во последните девет трки.

Неговиот сонародник Енеа Бастиани мина втор низ целта.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2022 11:37