Кумановските кик боксери освоија сребрени и бронзени медали на балкански турнир „WAKO – Балкан опен“, што се одржа викендов во босанскиот град Тешањ, информираа денеска од клубовите „Предатор“ и „Куманово 2006“.

Три сребрени и три бронзени медали освоија кик-боксерите на кик-бокс клубот „Предатор“ од Куманово. Христина Бојковска во категоријата помлади кадети го освои второто место, како и Вилиам Трајковски во истата категорија, а Бојан Николовски во категоријата сениори до 84 килограми.

Бронзен медал освои Макс Спасовски во категоријата помлади кадети, а Блашко Денковиќ во категоријата постари кадети. Во јуниорска конкуренција со освоен бронзен медал турнирот го заврши Симона Денковиќ.

Бронзи освоија и кик-боксерите на КБК „Куманово 2006“ на турнирот. Од овој клуб учествуваа, Лука Велковски, Марко Бошковски и Јосиф Илиевски.

– Севкупно сум задоволен од прикажаните борби и настапи на членовите на нашиот клуб и очекувам успех и во иднина, изјави тренерот Сашо Илиевски.

На турнирот учествуваа над 500 натпреварувачи од десет држави.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2022 14:45