Големата награда на Мексико ќе остане во календарот на Формула 1 и во наредните години, соопшти прес-службата на Меѓународната автомобилска асоцијација.

Новиот договор е на три години и истекува на крајот од сезоната 2025 година.

Големата награда на Мексико се врати во календарот на шампионатот во 2015 година. Во 2020 година, етапата беше откажана поради пандемијата на коронавирус, а повторно беше на натпреварувачкиот календар во сезоната 2021 година.

Трката за Големата награда на Мексико во Формула 1 годинава ќе се одржи в недела (30 октомври) патеката „Браќата Родригез“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2022 07:20