Американската глумица Хилари Свонк е првпат бремена во својата 49. година од животот, и тоа со близнаци. Во интервју за „Екстра“, таа говори за тоа како оди бременоста.

Познатата оскаровка од „Момчињата не плачат“ и „Девојка од милион долари“, овој месец откри дека таа и сопругот Филип Шнајдер чекаат близнаци. Таа вели дека некое време имала „напади на утринска мачнина“, но се чувствува добро.

– Пријателите ми рекоа дека кога чекаш близнаци, тоа двојно ги зголемува хормоните… Ја зголемува мачнината, сѐ се удвојува, изјави актерката.

Хилари додаде дека ја одложувала бременоста поради кариерата и поради тоа што, до Филип, не ја запознала вистинската личност со која би ги воспитувала децата. Глумицата открива и дека близнаците треба да се родат на роденденот на нејзиниот татко.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2022 20:18