Седумкратниот светски шампион во Формула 1 и возач на Мерцедес, Луис Хамилтон призна дека неговата одлука да го напушти мотоспортот може да биде под влијание на заминувањето на тркачкиот Фернандо Алонсо.
-Навистина не знам. Ако Фернандо Алонсо замине, можеби ќе треба двапати да размислам за тоа, затоа што тогаш ќе бидам најстариот возач! Генерално, ми се чини дека предолго се одолговлекува муабетот дека се ближи крајот на кариерата. Сигурен сум дека секој од нас во својата работа веројатно мора да анализира што ќе се случи следно. Дали има некое место каде што би сакале да бидете? Дали има можности за раст? Мислам дека во мојот случај сè е приближно исто, ги цитира зборовите на Хамилтон „ESPN“.
Во моментов Алонсо има 41 година, Хамилтон има 37 години.
Најстариот возач кој некогаш учествувал на Гран при во Ф1 е Луис Кирон. Тој во 1955 на трка за Големата награда на Монако во 1955 година имаше 55 години.
По 19 трки од сезоната 2022, Хамилтон е шести во поединечниот пласман со 198 бодови.