Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го освои ИТФ Фјучерс турнирот на грчкиот остров Крит, откако денеска во финалето го совлада Романецот Себастијан Гима со 2-0 во сетови.

Ивановски (746. АТП листа) прикажа одличен тенис во финалето и на романскиот противник, рангиран на 518 место на АТП, му препушти по еден гем во двата сета (6-1, 6-1).

ИТФ Фјучерсот во Ираклион се играше на тврда подлога за награден фонд од 15.000 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2022 02:24