Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за своето расположение пред Мастерсот во Париз каде ќе ја брани титулата.

– Во вториот дел од сезоната имам многу попозитивен однос кон турнирите. После се што се случи во Австралија, бев во емотивна прострација, а тоа влијаеше на мојата игра. Морав да најдам баланс, да го најдам посакуваното ниво на игра. Во текот на земјената сезона, засилив. И тогаш, во вистински момент, дојде Вимблдон. Оваа победа ми даде голема самодоверба. И огромно олеснување, со оглед на се што се случи. По Вимблдон не играв многу: Лејвер куп, Тел Авив, Астана. И играв многу добро. Генерално, имам добри резултати на затворени терени. Сега треба да се повторат, бидејќи работев многу напорно, изјави Ѓоковиќ.

Србинот обезбеди директен пласман во 1/16финалето на Мастерсот во Париз каде ќе се соочи со подобриот од мечот Шварцман – Креси.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2022 11:53