Белгиецот Стофел Вандорн од следната сезона ќе биде резервен возач на екипата Астон Мартин, соопшти британскиот тим кој се натпреварува во Формула 1.
Вандорн е поранешен член на Мекларен, а зад себе има вкупно 41 трка во Ф1.
Белгискиот возач сезонава ја освои титулата во Формула Е (електромотори), а од 2019 година беше резервен возач на Мекларен.
Од септември годинава резервен возач на Астон Мартин е и Бразилецот Фелипе Друговиќ, кој е актуелен првак во Формула 2.