Полската тенисерка Ига Швјонтек успешно го почна завршниот турнир на осумте најдобри на ВТА листата, совладувајќи ја во првото коло на турнирот во американскиот Форт Ворт тенисерката од Русија Дарја Касаткина со 6-2, 6-3.
Првата фаворитка на турнирот во Тексас немаше многу проблеми во воведното коло и за триумф над руската противничка и беа потребни еден час и 23 минути игра.
За Швјонтек ова беше 46. последователна победа оваа година без загубен сет.
Швјонтек е првата на која тоа и успеа по нејзината сонародничка Агњешка Радванска и американската тенисерка Серена Вилијамс. Легендарната Американка во 2013 година нанижа 66 победи без загубен сет, а истата година Радванска имаше серија од 46 победи без да загуби сет.