Возачот на Алфа Ромео, Валтери Ботас го потврди своето учество на Трката на шампионите во 2023 година.
– Со нетрпение очекувам конечно да го направам моето деби за Трката на шампионите! Овие натпревари ги гледав на телевизија долги години, а минатата година бев принуден да се повлечам во последен момент, рече Ботас.
Ботас требаше да дебитира во натпреварувањето во 2022 година, но се повлече од Трката на шампионите во последен момент поради преоптоварување со други обврски.
Трката на шампионите 2023 ќе се одржи на 28-29 јануари во Шведска. Во екипниот настан, Ботас ќе го претставува финскиот тим заедно со двократниот шампи н во Формула 1, Мика Хакинен.