Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Х.(48) од Куманово.

Тој се сомничи дека откако пронашол платежна картичка на 40-годишна жена од Куманово од неа извршил повеќе нелегални трансакции во вредност од 229.531 денари.

Платежната картичка била пронајдена и вратена на сопственичката. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2022 06:15