СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.Д.(22) од с.Дабиле, Струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама’’.

Во периодот од 01.07 до 30.10.2022, пријавениот во повеќе наврати вршел бришење на компјутерски податоци на правен субјект од Струмица, при што предизвикал невистинит резултат при електронската обработка и преносот на податоците, со што го оштетил правниот субјект за сума од 493.860 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2022 06:18